Овен – па, секако!
Тој има најизразена особина на водач и вродена власт. Исто така го поседува сето ова: храброст, одлучност, ентузијазам, самодоверба, потфат, динамичност, чесност, дисциплина, искреност и склоност кон херојство.
Одлични квалитети за владетел, нели? Тој ужива во предизвиците и храбро ги пробива сите животни бури и невремиња. Не сака да чека никого и ништо. Бестрашен, воинствен и често кавгаџиски настроен.
Јарец – ништо без него!
Јарецот поради својата доминантна природа е како роден за позицијата шеф! Ова се неговите адути: одговорност, дисциплина, самоконтрола, сериозност, амбиција, истрајност, силна волја, мудрост, верност, издржливост, штедливост, точност.
Јарците природно сакаат ред, работа и дисциплина, па затоа уживаат да ги обучуваат своите вработени. Тие немаат страв дека ќе ја изгубат својата позиција затоа што се убедени дека се незаменливи, што е можно дури и поради нивниот работохолик карактер.