Free zone

Ролката е парче облека кое oваа зима вреди да го имате во својот гардеробер

Ролките се дефинитивно неизбежни кога станува збор за сезоната есен / зима. Тие се во тренд со години, а овој пат доминираат на модната сцена. На сите им изгледа одлично и го нагласува лицето во преден план.

Ова парче, секоја девојка со стил треба да го има во својот гардеробер, затоа што може да се носи на безброј начини и во безброј пригоди. Лесно ќе се вклопи и во најобичниот стајлинг, но и во празничните комбинации. Одлично оди со здолништа, фармерки, па дури и со тренерки.

Ова парче дава толку многу можности за комбинирање, па не е изненадување што повеќето жени го сакаат. Ролките ќе не загреат убаво во студените денови, а истовремено изгледаат апсолутно тренди и моќно.

Напиши коментар