Free zone

Ролките се совршениот избор за студените денови, а еве на колку начини можете да ги носите

Секој сака да ги носи и тие се идеални за комбинирање. Моден детал којшто секоја жена сака да го носи, наречен со едно име – ролка. А, за тоа зошто толку многу ги сакаме, постојат неколку причини.

Освен што убаво ќе не загрее и добро ќе го чува нашаето грло, изгледа феноменално и многу лесно се вклопува во сечиј стил.

Ролката е парче облека што можете да го носите на различни начини и во разни бои. Можете да ја вовлечете во здолништето, да ја вметнете во панталоните со висок струк, да ја оставите да паѓа над долниот дел од облеката или да ја искомбинирате со впечатливи фармерки.

Изберете ја бојата, моделот, должината според стилот кој најмногу ви се допаѓа, но дефинитивно ви предлагаме во плакарот да имате секогаш едно бело и едно црно здолниште, за да имате секогаш совршена модна комбинација и да бидете подготвени за работниот ден или кафе со пријателките.

Напиши коментар