Деновиве, според странските медиуми, се шушка дека актерката Блејк Лајвли, позната на нашата публика по улогата на Серена во серијата „Gossip girl“, е бремена по четврти пат!
Убавата американска актерка е омажена за актерот Рајан Рејнолдс, со кого има три деца, а последното дете, девојче, го добија минатиот август.
Сега, во американските медиуми, постојат гласини дека следната година четвртото дете ќе пристигне во животот на оваа двојка. Судејќи според споменатите шпекулации, парот ќе зборува за сè на почетокот на следната година.
Иако медиумите не откриваат никакви детали, анонимен извор потврдил дека овој пар би бил многу среќен ако бебето пристигне наскоро. Дали тоа значи дека бебето е само во план или навистина имаат среќни вести што планираат да ги објават, е големо прашање. Инаку, Рајан веќе неколку пати изјави дека ужива во улогата на татко, додека Блејк еднаш рече дека би сакала да има „племе“ деца.
Судејќи според тоа, возбудата во нивното семејство нема да изостане.
„Блејк навистина копнее за друго дете. „Обожава да е бремена, а Рајан секогаш се шегуваше дека би сакал да пристигне уште една ќерка, за да се доврши племето на Амазонки“, изјавил споменатиот извор.