Free zone

Сакате да носите високи потпетици, но не можете долго да издржите на нив? – Имаме решение за тоа!

На вашите маки кога се во прашање високите потпетици им дојде крајот – затоа што постои решение! Ова е трик за кој ви треба фластер или медицинска леплива лента. Трикот е заснован на медицинска теорија.

Залепете ги, односно спојте ги третиот и четвртиот прст (ако броите од палецот) со фластер или медицинска лента и подготвени сте да излезете!
Како работи ова?
Овој трик се заснова на медицинска теорија – нервот што создава болка во нозете е скриен помеѓу двата прста споменати погоре.
Кога прстите ќе се залепат, има помал притисок врз тој нерв што резултира со полесно поднесување на високи потпетици.

Секако, не го изведувајте овој трик ако имате отворени чевли и во никој случај не ги лепете прстите премногу цврсто!

Напиши коментар