Free zone

Сакате долги и густи трепки? – Овој трик ќе ви помогне во тоа!

Маскарата ја користат милиони жени ширум светот, но многу од нив не го достигнуваат целиот потенцијал на овој производ. Дали сакате трепките да ви изгледаат навистина, навистина долги и густи? Tреба да додадете малку пудра во смесата. Овде ќе ви покажеме како да го направите тоа.

Бидете сигурни дека трепките ви се чисти, што значи дека на нив не треба да има остатоци од маскара – во спротивно овој трик може да доведе до спротивен ефект.

Претходно свиткајте ги трепките за да ги добиете најдобрите можни резултати.

Четката за маскара помрднувајте ја од лево на десно што е можно поблиску до коренот за дополнителна дебелина, нанесувајте маскара од коренот до врвот.

Користете пуфнеста четка за сенка, на трепките нанесете лесен слој транспаретна пудра. Не користете премногу – сигурно не сакате да направите пајажина!

Потоа следува вториот слој црна маскара и готово – имате подебели трепки!

Напиши коментар