Free zone

Сакате рамен стомак? Јадете ги овие пет намирници секој ден!

Го знаете тој момент кога ќе застанеме пред огледалото, ќе се погнедеме малку подобро, а првото нешто што ни паѓа на ум е: Повторно се здебелив! Нашиот најчест изговор во тие моменти е недостаток на време за подготовка на здрави оброци и вежбање, меѓутоа, тоа не е недостаток на време, туку недостаток на волја.

За полесно да стекнете здрави навики во исхраната, ние избравме неколку здрави и хранливи намирници, кои ќе ви помогнат да бидете сити, а имаат мала калориска вредност, помагаат во создавање дефицит на калории и со тоа ќе го забрзате топењето на масните наслаги во стомакот.

Јајца

Бидејќи едно јајце содржи околу 7 грама протеини, 6 грама маснотии и минимум јаглени хидрати, тие се идеална храна, која треба да се наоѓа на вашето мени секој ден, доколку сакате ефикасно да согорувате маснотии на стомакот.

Не само што е богат со протеини, туку е и високо квалитетен протеин, неопходен за развој на мускулите. Покрај тоа, микро хранливите материи што се наоѓаат во јајцата ги поддржуваат вашите функции. Јајцата се богати со витамин А и Б12.

Лиснат зеленчук

Иако многумина не се љубители на спанаќ, кељ и брокула, овој зеленчук треба да биде централен дел од вашата здрава исхрана. Тие се богати со витамин К, кој влијае на растот на коските, а е подеднакво добар за срцето и белите дробови. Богати се и со витамин А, кој влијае на здравјето и квалитетот на нашата кожа, а пред се богати се со растителни влакна, кои ќе ве оддржат сити долго време, па затоа се идеална храна во секоја диета.

Чиа семе

Богати се со растителни влакна, што доведува до чувство на ситост кога ги консумирaме, го забрзуваат метаболизмот и го стимулираат варењето на храната. Тие се богати со протеини и антиоксиданти, затоа го чистат нашето тело од токсини и штетни материи.

Бадеми

Јаткастите плодови се еден од основните столбови на здравата и урамнотежена исхрана, а бадемите имаат најголеми придобивки за нас. Тие се богати со растителни влакна и протеини и се идеална закуска, кога се обидувате да се храните здраво и сакате да изгубите тежина.
Богати се со здрави масти и протеини, што значи дека тие многу брзо го намалуваат гладот. Тие се богати со витамин Е и антиоксиданти и така го зачувуваат квалитетот на нашите клетки.

Внесот на бадеми ги регулира холестеролот, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

Овесни снегулки

Лесно се подготвуваат и се најдобра опција за појадок, кога се грижите за вашата исхрана. Тие се најздравиот извор на јаглехидрати, за кој можеме да се определиме.
Овие овесни снегулки го намалуваат нивото на лош холестерол во крвта, а исто така го регулираат нивото на шеќер.

Само половина чаша овесни снегулки на ден е доволна за да ја збогатите вашата исхрана со растителни влакна и антиоксиданси, а со тоа да го забрзате и активирате метаболизмот.

Напиши коментар