Celebrity

„Сам дома“ во реалниот живот: Кој би ги преживеал замките на Кевин?

Ова е време од годината кога барем еднаш го гледаме филмот „Сам дома“. Еден од најсмешните делови на филмот, меѓу другото, се и стапиците на Кевин што им ги поставува на крадците. Дали овие стапици би функционирале и во реалниот живот? Сега одговорот е познат.

Веќе знаеме дека филмовите не се реални и дека сè во нив е малку „забиберено“ за поголем ефект и за позабавно гледање. Без разлика дали сте го гледале оваа година или сте го зачувале во наредните денови, сигурно знаете дека стапиците на Кевин, главниот лик, сетови се неверојатно паметни и успешни.

Логично, тоа е филм и не очекуваме ништо друго, но дали некогаш сте се запрашале како би функционирале овие стапици ако ги поставите дома? Дали би ги фатиле крадците?

Неколку Јутјубери решија да го испробаат ова пред неколку години, за да заклучат дали стапиците ќе функционираат и во реалниот живот.

Тие испробаа неколку трикови на Кевин. Еден од нив е врела квака, која на почетокот веднаш им создаде проблеми бидејќи не успеаа ниту да ја загреат колку што треба, но наместо да ја загреат кваката, тие случајно ја запалија целата врата.

Еден лекар открил и дека ако некој фати толку жешка квака од врата, тој ќе претрпи трајно оштетување на рацете, што провалниците во филмот секако не го добија.

Тие, исто така, проучуваа сцена во која Кевин фрла конзерви со боја на главата на провалниците. Во реалниот свет, ова би им нанело такви повреди што би умреле на лице место.

Главниот заклучок е дека Кевин сигурно ќе ги убиеше провалниците ако тоа се случуваше во реалниот живот. Во филмот, тие за чудо се опоравуваа секој пат, но во реалноста не, па затоа немојте да го пробувате ова дома.

Напиши коментар