Astro&Horoscope

Само на овие луѓе ќе им цветаат рози за време на ретроградниот Меркур

Деновиве многу се зборува за ретроградниот Меркур како причина повеќето луѓе да не прават ништо. Многумина на социјалните мрежи коментираа дека нивните поранешни партнери ги бараат за време на ретрограден Меркур и дека сите договори и комуникација се отежнати, како и дека сè оди во надолна линија периодов.

Оваа година имавме три периоди на ретрограден Меркур, а последниот оваа година завршува на 3 ноември, кога сè конечно треба да се подобри.

Што е воопшто ретрограден Меркур?

Ретрограден Меркур го претставува очигледното движење на Меркур во спротивна насока. Иако станува збор само за оптичка илузија, астрологијата вели дека ваквото очигледно движење на првата планета од Сонцето ни го отежнува животот на сите.

Или речиси на сите.

Постои група на луѓе за кои овој период од годината ќе биде еден од најдобрите. Тоа се луѓе кои се родени за време на ретроградниот Меркур. Ако сте меѓу оние 25% од среќниците, ретроградниот Меркур не може да ви направи ништо.

Напиши коментар