Free zone

Сцена од вториот дел на „After“ ги воодушеви гледачите – Ова не очекувавме да го видиме

Вчера, во Cinestar официјално започна да се прикажува филмот „After We Collided“, продолжение на популарниот хит „After“. Една сцена во овој нов филм особено ги изненади гледачите, поточно девојките од публиката.

Тинејџерската романтична драма „After“ освои сè на едно трепнување, со нетрпение се чекаше продолжението на романсата на Хардин и Теса! По откажувањето на премиерата и одложувањето на датумот поради Коронавирусот, „After We Collided“ конечно е тука, а оние што сè уште не го виделе треба да се подготват за мало изненадување. Луѓето веднаш почнаа да го коментираат продолжението штом го видоа, а за една сцена многу се зборува. Иако филмот има многу жешки сцени, сите беа изненадени кога задникот на Хардин се појави на големото платно.

Имајќи предвид како изгледа врската помеѓу Хардин и Теса и дека филмот не бега од прикажување секси сцени, требаше да се очекува дека ќе се случи вакво нешто. Некои не се задоволни затоа што на нивниот екран се појави задникот на главниот актер, но повеќето се сепак воодушевени и се надеваат дека овој тренд ќе продолжи и во следните продолженија.

Напиши коментар