After Midnight

Се обидувате да го промените? – Престанете додека е време!

Дали сте биле во врска со некого барем еднаш, за кого сте помислиле: Му требам, ќе го спасам и ќе му го сменам животот!? Секако дека да, затоа што веруваме дека не постои личност што не била во таква ситуација и такво убедување. Кога сите веќе си признавме дека барем еднаш сакавме да бидеме сламката за која се држи давеникот, имаме уште едно прашање за вас. Колку пати вашиот давеник се свртел против вас? Речиси секогаш. Затоа што колку и да е лош со себе, тој не сака никој да го менува, а најмалку вие.

Ако човекот што ви се допаѓа има проблеми, некако ви е предизвик да го спасите, тоа може да биде погубно за вас и за вашата работа на себе. Проблемот со овој тип на врска започнува со фактот дека разговорот помеѓу вас обично не е целосно искрен. Ако му пречи што сте таму и се обидувате да го спасите, тоа е неговото его што зборува од него, а ако му пријдете со чисто срце и дадете се од себе за да му помогнете, не заслужувате да се борите против нечије его.

Меѓутоа, ако сте подготвени да останете и да се соочите со неговото его, тогаш постепено, од ден на ден, ќе научите да го прифаќате, бидејќи сигурно нема да го промените!

Напиши коментар