Celebrity

Се огласи глумецот со кого наводно Меган Маркл имала афера

Британскиот пејач, текстописец и актер, познат и како поранешен член на The Wanted, 32-годишниот Макс Џорџ, реши да го прекине молкот и конечно да разговара за наводната афера што ја имаше со поранешната актерка, 39-годишната војвотка од Сасекс, Меган Маркл. Имено, иако тој во моментов е во среќна врска со реалити sвездата Стејси Гигс, минатата година медиумите започнаа да делат информации дека Макс и Меган имале афера, откако сопругата на принцот Хари се разведе од нејзиниот прв сопруг, филмскиот продуцент Тревор Енгелсон. За да се стави крај на гласините, 32-годишникот сега ја раскажа својата страна на приказната.

„Не знам од каде потекнува тоа. Читав нешто за време на викендот, но исто така прочитав дека таа бараше Англичанец. Не знам зошто и го прават ова сега. Нема ништо од моја страна “, рече поранешниот член на The Wanted за време на гостувањето во утринската програма со Филип Шофилд и Холи Вилоуби. Исто така, Макс ги негираше гласините дека Меган му испраќала пораки во периодот кога барала момче од Англија.

Потсетуваме, Меган го прекина првиот брак со филмски продуцент во 2013 година, по две години заеднички живот. Поранешната актерка во тоа време, наводно, по секоја цена сакала да има Британец за момче, па на крајот, преку заеднички пријатели, заминала на состанок со три години помладиот британски принц Хари. Двојката наскоро и официјално ја потврди својата врска, а во 2018 година ја крунисаа со брак. Во мај минатата година се роди нивното прво дете, синот Арчи Харисон, со кого живеат во Америка од јануари оваа година.

Напиши коментар