„Тролови на светска турнеја“, ексклузивно видео!
Продолжението на хит цртаниот филм од 2016 година нема да има премиера на филмското латно, но ќе биде прикажан “on-demand” на различни видео платформи.
Проверете ги ексклузивно првите четири минути од цртаниот филм “Trolls World Tour”, во кој гласовите ги позајмуваат комичарката Ана Кендрик и пејачот Џастин Тимберлејк.
Поради пандемијата на вирусот корона, продукцијата се откажа од својата премиера во кината, па затоа новиот дел на „Тролови“ се нуди на платформите кои прикажуваат видеа на барање.