Free zone

Се прашувате како токсичните емоции да работат за, а не против вас? Ние можеме да ви помогнеме!

Денес, во ерата на Инстаграмот, кога е суптилно наметнато како треба да изгледаме, живееме, па дури и да размислуваме, природно е да ги согледаме своите недостатоци и тајно да им завидуваме на другите луѓе, на некои подобри и полесни околности во животот.

Кога велиме љубомора, влегуваме во некои слоевити, тешко преодливи чувства, а сепак, се чини дека денес се повеќе сме љубоморни на животите што ги живеат луѓето, а не на луѓето конкретно. Токму оваа скриена желба да живееме друг живот, овој вид модерна љубомора, па дури и завист, ни кажува што сакаме и ни отвора многу простор да работиме на нас самите. Можеби звучи чудно, но овој вид емоции лесно можете да го претворите во ваша предност.

Откријте ги вашите емоции и признајте си ги на себе

Ако чувствувате токсична енергија, љубомора или завист, откријте си ги тие емоции во себе. Откријте го нивниот извор, а потоа признајте ги самите. Тогаш јасно ќе разберете по што копнеете и ќе разберете на кое поле од животот треба да работите, за да го живеете токму тој живот, што го живее некој друг, а вие потајно го посакувате.

Направете детоксикација од социјалните мрежи

Истражувањата покажаа дека дури 60% од луѓето се чувствуваат завидни кога скролаат низ Инстаграм и Фејсбук. Ако сте една од нив, направете дигитална детоксикација, бегајте од туѓите „совршени“ животи и започнете вистински да го живеете својот. Од ден на ден, ќе ви станува сè појасно во кој правец сакате да одите, за да бидете подобра верзија од себе.

Направете растојание

Ако некои луѓе будат завист кај вас, направете дистанца за да ги решите мислите и да видите кој е всушност проблемот во таквата врска. Доколку не сте задоволни од себе, работите на промена на ставот кон животот, но и кон луѓето. Никој не е виновен што има нешто што моментално го немате вие. Од вас зависи дали ќе се борите од ден на ден и успехот нема да изостане.

Напиши коментар