Серијата „Тоа сме што сме“, во режија на Лука Гвадањино, штотуку пристигна на HBO GO – и сметаме дека треба да ја погледнете.
Гвадањино за прв пат ги покажува своите уникатни кинематографски вештини на телевизија.
Станува збор за тинејџерска драма во осум епизоди, која критичарите ја оценија добра, како „Еuphoria“, а ја нарекоа и уметничка верзија на серијата „Riverdale“.
Преку приказната за растењето на две американски деца кои живеат во американска воена база во Италија, серијата истражува пријателство, прва љубов и идентитет, привлекувајќи ја публиката кон сите радости и страдања од тинејџерскиот живот. Ова е приказна што може да се случи на кое било место во светот, но во овој случај, тоа се случува во едно мало делче од Америка сместено во Италија.
Клое Севињи, Џек Дилајн Грејзер, Алис Брага, Џордан Кристин Симон, Спенс Мур II ги толкуваат главните улоги во оваа серија. Покрај тоа, раперот Кид Куди се појавува во една од епизодите.
Првата сезона на серијата ќе има осум епизоди. Првата епизода штотуку пристигна на стриминг сервисот HBO GO, а новите епизоди ќе пристигнуваат секој вторник. Потоа, целата сезона ќе биде достапна од 3-ти ноември.