After Midnight

Се вљубуваме само во оние кои ни помагаат духовно да растеме и да се развиваме

Ние се вљубуваме во луѓето кои влегуваат во нашите животи за да го забрзаат нашиот духовен раст и да ни помогнат да се нурнеме во нашите внатрешни сили.

Нивната задача е да ни покажат дека веќе ги поседуваме потребните квалитети за натамошен развој. Самата душа ги наоѓа овие луѓе и покрај нашиот здрав разум.

Животот го прави она што треба.

Тоа е основата на личниот развој, но истовремено е и илузија. Ние всушност се вљубуваме во себе, поточно во нашето идно јас.

Оние луѓе што ги сакаме ги рефлектираат квалитетите на нашата душа.

Секој недостаток практично исчезнува во моментот кога започнува трансформацијата.

Внатрешната трансформација е обично болна и почнуваме да стекнуваме квалитети, коишто сме ги сакале кај другата личност.

За да го постигнеме ова, треба да поминеме низ некои внатрешни промени, коишто се однесуваат на нашите лични перспективи и ставови.
За жал, во повеќето случаи ова станува јасно дури по разделбата.

Болката нè катапултира во нов свет и кога конечно ќе бидеме во тој нов свет, можеме да погледнеме наназад без емоции и објективно да ги наљбудуваме настаните од минатото.

Илузијата конечно исчезнува, а она што останува е објективна реалност.
Затоа, не обвинувајте ги другите за вашите неисполнети очекувања.
Следниот пат, вие ќе бидете причината за нечија промена.

Се поставува прашањето: “Кога ќе завршат вашите љубовни циклуси?”

За секој од нас постои по некој кој ќе стане постојан дел од нашиот свет; некој близок до нашиот енергетски план.

Кога тој или таа ќе се појави, подобро е да ја решите вашата внатрешна состојба за да не мора повеќе да ги барате деловите коишто недостасуваат.

Единственото нешто на што ќе треба да се фокусирате сега е да создадете нешто ново заедно.

Напиши коментар