Дали знаевте дека астрологијата ни дава вредни индикатори за препознавање на нашите лоши навики? Познавајќи ги, можеме да добиеме шанса да ги подобриме и да го достигнеме целиот свој капацитет. Ви ги претставуваме лошите навики на 12те хороскопски знаци! Дали се согласувате со следново?
ОВЕН
Арогантен – Овенот се однесува како да не се грижи за чувствата на другите луѓе бидејќи смета дека знае сè.
Тврдоглав – сигурни сме дека знаете за што зборуваме, а тешко е да се борите против оваа навика.
Импулсивен – и во продолжение, нетрпелив.
Недисциплиниран – и не најдобро организиран на цел свет.
Склон кон конфликти – и секогаш подготвен да се расправа.
БИК
Тврдоглав – роговите се рогови, иако Биковите се всушност луѓе полни со почит.
Сака да се задоволи себеси – и е во состојба да ги игнорира туѓите емоции.
Мрзлив – кога не е мотивиран, може и да не се помрдне.
Материјалист – најмногу само затоа што неговата иднина е најважна за него.
Посесивен – можеме да кажеме дека ова е најлошата навика на Бикот што ги води кон љубомора, па дури и навредување.
БЛИЗНАЦИ
Недоследен – тешко му е да се посвети на една работа долго време.
Површен – Близнаците навистина не обрнуваат внимание на деталите.
Недостаток на способност да донесат одлука – постојано е во дилема.
Недостаток на директност – и многу брзо му станува здодевно.
Загрижен – има тенденција да гризе повеќе отколку што можат да џвака и ова резултира со постојана грижа.
РАК
Каприциозен – Раковите се склони на промени во расположението.
Песимистичен – во состојба е да се откаже од сè доколку се соочи со неуспех.
Наметлив – а понекогаш им е тешко да се покренат.
Премногу емотивен – имагинарни пречки и повреди се вообичаени за него
Сомнителен – и повторно, имагинарно плашлив.
ЛАВ
Тврдоглав – треба многу убедување за да се предомисли.
Егоистичен – неговото его е толку големо што го спречува да постигне поголем успех.
Посесивен – и склон кон љбомора.
Доминантен – затоа што тој / таа е крал на џунглата, нели?
Нетрпелив – тој сака сè – сега и веднаш!
Арогантен – егоцентрик – затоа што така се однесуваат кралевите!
ДЕВИЦА
Премногу критичен – затоа што тој веќе има точна слика во главата за тоа како треба да се направи нешто.
Тривијален – понекогаш се губи во детали.
Пребирлив – сè треба да биде совршено!
Груб – нема разубавување на работите и ситуациите.
Конзервативен – ништо од современите идеи, ве молам!
Склон кон осуда – затоа што сè е совршено во врска со него/неа!
ВАГА
Површна – таа е толку фасцинирана од нечиј физички изглед што целосно ја запоставува внатрешната убавина.
Бесчувствителна – понекогаш се преправа дека е љубезна само затоа што не сака да им го расипе моментот на другите.
Неверодостојна – и склона да менува мислења, така што не ги исполнува ветувањата.
Мрзлива – секако, како и сите воздушни знаци.
Неодлучна – најтешката одлука за Вагата е – да донесе одлука!
СКОРПИЈА
Љубоморна – па дури и посесивена.
Мистериозна – едноставно – не им верува на луѓето.
Навредлива – и покрај својот изглед, Скорпијата може многу лесно да биде повредена од негативните коментари.
Манипулативна- сака да доминира.
СТРЕЛЕЦ
Невнимателен – и склон кон сфаќање на работите здраво за готово.
Без такт – да се биде искрен не е негативна одлика, но понекогаш премногу вистина знае и да боли.
Нетрпелив – и премногу форсирање на некои работи.
Неконзистентен – тешко му е да го одржи ветеното.
Премногу самоуверен – затоа што смета дека е совршен!
ЈАРЕЦ
Песимистичен – борбата против изгледот не е нешто што им се допаѓа.
Тврдоглав – јарецот не го менува својот став лесно.
Срамежлив – ужива и се релаксира само во друштво на своите пријатели.
ВОДОЛИЈА
Непредвидлива – и не следи никакви општествени норми.
Недоследна – и зависи од своето расположение.
Независна – се држи до она „живеј и остави ги другите да живеат“!
Тврдоглава- иако e одличeн слушател, скоро е невозможно да се влијае на промена на нејзиното мислење.
Екстремист – нема средина за неа. Сè или ништо!
РИБА
Има тенденција да бега – кога работите ќе тргнат наопаку, среќата е виновна за сè.
Идеалиста – затоа дури и најдобрите работи честопати и изгледаат просечни.
Премногу чувствителна – и малку и треба за да стане многу емотивна.
Песимистична – особено кога работите не одат како што очекува.
Мрзлива – само за работи што не и се важни.