Free zone

Секој кажан збор има свое значење: Еве како влијаат позитивните коментари на нас

Што е толку моќно во убавите и искрени зборови? Комплиментите во мозокот ги активираат центрите за наградување, истите оние кои се активираат кога некое лице изненадно ќе добие пари, тврдат научниците.

Психотерапевтот и експерт за љубовни врски, Др. Рејчел Сузман, објасни како комплиментите му помагаат на човекот да се чувствува забележан и препознаен, а тоа се две универзални човечки потреби. „Повеќето само сакаат другите да забележат што прават и тоа да го почитуваат“, објасни д-р Сузман, истакнувајќи дека добриот комплимент не мора да се однесува на физичкиот изглед. Комплименти што мажите сакаат да ги слушнат: „Го обожавам твојот стил!“ На луѓето им значи кога добиваат разни комплименти, кога ќе се пофали нивниот успех, карактерна особина или напор што го вложуваат за да постигнат нешто, дури и да се работи за вечера; важно е само дека комплиментот е искрен.Исто така, постојат научни докази дека пофалбите имаат позитивен ефект врз мотивацијата. Една студија покажа дека истите центри се активираат и кога некое лице одеднаш добива пари, мозокот ги доживува и двете како награда. А, ако сте меѓу оние кои не знаат како да прифатат комплимент или да тврдите дека не ги сакате, треба да откриете кои се причините за тоа, бидејќи може да постои поголем проблем со ниска самодоверба.

Напиши коментар