After Midnight

Секој момент што ќе го поминете со погрешното момче, значи момент помалку со оној вистинскиот!

  • Не размислувате многу за него додека не сте заедно – Кога има вистински искри, тој ви е во главата 24/7, го гледате неговото лице во сообраќајниот метеж, постојано ги читате неговите СМС-пораки, го планирате следниот состанок … Кога не сте вистински загреани, тој не влегува во вашите мисли така често, а кога ќе се случи тоа, не чуствувате брзо чукање на срцето ниту пеперутки во стомакот.
  • Не сакате тој да ги запознава вашите пријатели и семејството – Иако е добро и сигурно момче, може да се грижите дека нема да ги импресионира вашите блиски. Причина? Едноставно, сметате дека нема да ги импресионира, бидејќи тоа не се случи ни во вашиот случај. А, друга причина зошто го чувате скриен може да биде затоа што се плашите дека пријателите и семејството ќе почувствуваат дека не сте ни блиску до „седмото небо“ и ќе ве прашуваат зошто сте со некој во кого не сте за заљубени.
  • Вие не сте баш расположени за секси акција со него – Сите сме стресни или преморени на моменти, но ако ретко се веселите на средба под чаршавите, преиспитајте ја таа врска. Слушајте го вашето тело. Ако нема телесна хемија, веројатно нема ниту емотивна.
  • Кога ќе сретнете убав дечко, се прашувате дали е сам – Знаеме дека мислите дека нема ништо лошо во проценувањето на момчињата, затоа што не го споделувате вашиот број или нешто слично со нив. Но, тоа е значајно затоа што всушност ги проценувате како опција.

Напиши коментар