Astro&Horoscope

Секој знак од зодијакот има своја лична мисија по која се води

Хороскопскиот знак во кој сме родени, т.е. положбата на ѕвездите во моментот кога доаѓаме во светот, во голема мера ги одредува нашите карактеристики, таленти и склоности. Со еден збор, хороскопот може да ја одреди нашата цел во животот.

Овен
Овните секогаш се обидуваат да бидат подобри од другите. Овие се ентузијастички луѓе кои сакаат да се натпреваруваат, секогаш сакаат да поставуваат рекорди или да бидат први, односно најдобри, без оглед што прават. Последното нешто што Овен сака во животот е стагнација.

Животната цел на Овенот е напредување, било да е тоа технологија, пишување, наука … Што и да е, ќе видите како Овенот оди кон својата следна цел.

Бик
Бикот, како земјен знак, копнее по стабилност. Затоа тој секогаш се труди во животот да создаде мирна и стабилна атмосфера и да има такви односи со сите со кои се дружи. Овој знак едноставно сака да им обезбеди на другите она што им е потребно за да се чувствуваат безбедно и да ги натера луѓето да се чувствуваат згрижено.

Неговата цел е да биде столбот на сите односи што ги има со луѓето, без разлика дали се романтични или пријателски.

Близнаци
Близнаците се пеперутки кои постојано привлекуваат луѓе. Тоа е нивната цел. Случаен разговор со нив додека чекате автобус, ресторан во кој сите се намуртени, сигурно ќе остави трага во вашиот живот, макар и на кратко.

Близнаците се многу добри во поврзувањето со луѓето. Тие често влегуваат во разговори со луѓе со кои другите не би, па им носат насмевка на лицата.

Рак
Раковите се дојдени на оваа планета да споделуваат љубов со секого и со сè. Како воден знак, тие се во силен контакт со емоциите на другите луѓе, како и со своите и нивната цел е да го користат овој подарок како предност. Раковите навистина сакаат да ја користат својата емоционална интелигенција за да им помогнат на луѓето околу нив.

Ова се луѓето кои ќе ви дадат рамо за плачење или ќе остават сè што прават за да ви помогнат кога е тешко. Всушност, како да се тука за да покажат дека не секој во светот има камено срце.

Лав
Лавовите владеат со светот. Тие едноставно уживаат кога им се восхитуваат, па затоа не е изненадувачки да се каже дека нивната цел е едноставна – да уживаат со круна на главата.Лавот е едноставно центар на општеството. Без разлика дали навистина биле во центарот на вниманието, или само што сте го слушнале нивното име кога ги претставиле, секогаш ќе ја почувствувате празнината кога Лавот ќе го напушти друштвото. Најчесто, тие самите ќе знаат да направат претстава.

Девица
Девиците се аналитични и сигурни, иднината на светот е на нивниот грб. Девиците се таму за да ги одржат работите на свое место, да направат сè да работи според распоредот и сите да го направат она што треба да го направиме за да одиме напред.

Девиците секогаш се трудат да бидат перфекционисти, бидејќи тоа е начинот да се осигураат дека сите можеме правилно да функционираме.

Вага
Воздушните знаци сакаат добра комуникација и секогаш сакаат да ги слушнат обете страни на приказната. Така е и со Вагите, нивната цел во животот е да ни овозможат да гледаме на работите од два агли. Вагите се непристрасни, што е клучна карактеристика кога станува збор за наоѓање на вистинското решение за проблемите.

Вагите се тука за да помогнат во одржување на балансот на светот и да останат фокусирани на вистинските цели, за да го направат светот подобро место.

Стрелец
Знак на слободен дух и љубопитен како Стрелец е тука за да ни открие нови работи и да придонесе во напредокот. Стрелецот не толерира повторувања и секогаш се стреми кон места каде што не бил и работи што сè уште не ги пробал.

Тој сака да патува и да најде нови начини за правење работи. Тоа се луѓе кои откриваат култури, нови техники и носат нови идеи. Затоа Стрелецот треба да го бара ‘новиото’ во сè и секаде.

Јарец
Јарецот е во светот за да им покаже на другите дека има пријатели кои можат да бидат повредни од семејството. Тие се многу приврзани за пријателите, но и за семејствата.

Јарецот сака да докаже дека нема разлика помеѓу пријателите и роднините, му дава вистинско значење на пријателството и сака целиот свет да биде едно семејство.

Водолија
Тие се тука за да го разбудат човештвото во нас. Нивната инвестиција во хуманитарни цели и нивната убов кон луѓето се неизмерни и доволна причина да ги имаме до нас.

Тие го разбираат и прифаќаат фактот дека сите ние сме „само луѓе“ и дека грешиме. Исто така, тие се први кои се вклучуваат во акцијата за добра цел. Тие сакаат сите на Земјата да се сакаат и да се грижат едни за други, а не да шират омраза и насилство.

Риба
Рибите се знак кој е најусогласен со своите емоции и уметноста честопати е нивниот главен начин на изразување. Тие знаат дека самоизразувањето е добро за душата и тие се тука за да нè потсетат да бидеме креативни.

Рибите промовираат музика, уметност, поезија и секаква креативност за да ги изразат своите емоции и мисли, и така, всушност, треба да го направат светот поубаво место.

Напиши коментар