Овенот е опседнат со шопинг
Припадниците на овој знак се бестрашни и ентузијастички расположени во сите области од животот, дури и во малите опсесии. Тие постојано бараат нешто ново во животот, а тој глад обично се задоволува со часови поминати на шопинг. Нивната опсесија со шопингот оди од крајност во крајност, до таа мера што целосно им ги зазема животите.
Парите и луксузот се главните опсесии на Бикот
Биковите се стабилни, упорни и издржливи, а нивните квалитети им помагаат да стекнат добра позиција на работа. Тие не се плашат да работат напорно, а се со една цел, да добијат што повеќе пари. Големата сума на тековната сметка им овозможува да уживаат во луксузот што го ценат колку парите, но не се двоумат да ги потрошат на други.
Близнаците се опседнати со техника
Живите и социјални припадници на овој знак се опседнати со техниката, што им овозможува подобро да комуницираат со секој што го сакаат. Тоа е нивниот прозорец кон светот и тие ги обожаваат поради слободата што им ја даваат. Слаби се и во модата и подготвени се да го поминат целиот ден комбинирајќи нови модни трендови.
Ракот копнее по успех
Сочувствителните Ракови се секогаш подготвени да помогнат, но само ако тоа не е во спротивност со нивните верувања. Тие јасно ги искажуваат своите ставови и им покажуваат на сите што сакаат, а што не. Тие копнеат по успех и подготвени се да ги надминат своите граници. Тој успех најчесто е поврзан со семејниот и приватниот живот.
Лавот има голема опсесија – надмоќ
Припадниците на овој знак имаат одредена аристократска одлика што ги прави најдобри во сè. Ова е токму нивната најголема опсесија, супериорност и надмоќ. Тие сакаат да им покажат на другите дека се одлични во сите сфери на животот.
Девицата е опседната со редот
Прецизните Девици се опседнати со редоследот до тој степен што нивните животи често се вртат околу тоа. Најмногу од сè, тие ја ценат точноста и дисциплината, и ако некој ги вознемири, тие се претвораат во вистински кралици на драмата. Опсесијата со совршено уреден дневен распоред се граничи со опсесивно-компулсивно нарушување.
Вагите сакаат баланс
Вагите се склони кон прекумерна анализа, па затоа не е изненадувачки што се опседнати со рамнотежата на животот. Тие се трудат да ја постигнат таа рамнотежа со убави работи, било да е тоа накит, патувања или облека. Проблемот е во тоа што тие не можат да го контролираат нивниот нагон, па затоа купувањето може да ги исфрли од рамнотежа.
Скорпиите се опседнати со лојалност
Припадниците на овој знак се познати по својата мистериозна и посесивна природа, па затоа во животот најмногу копнеат по искреност и лојалност. Тие сакаат врски полни со доверба, а за своја опсесија ја сметаат големата желба за знаење и окултност. Тие не се двоумат да го покажат своето знаење, колку и на другите тоа да им оди на нерви.
Патувањето е главната опсесија на Стрелецот
Исто како и Овенот, Стрелецот најмногу сака во животот авантури и активности. И додека другите се опседнати со надмоќ и искрени врски, нивната мала опсесија е патување и ќе сторат сé за да патуваат што почесто. Ова е единствениот начин да се ослободите од вишокот енергија по која се толку познати.
Јарецот е опседнат со себе
И додека другите работи им се поважни на останатите припадници на Зодијакот, Јарецот е опседнат со себе. Тој има егоцентрична одлика што го тера да стори сé што е во негова корист, без оглед дали ќе повреди некого или не. Започнува со лов на успех и гази преку другите, освен ако стравот да изгуби нешто уште поважно, не го натера да се откаже.
Водолијата сака да биде најкреативната во општеството
Шармантните припадници на овој знак имаат постојана потреба да бидат најкреативни во општеството. Тие постојано создаваат нешто и тие се вистински иноватори, но тоа го прават повеќе за својата душа отколку заради успехот. Иако сакаат награди, титулата најкреативен знак во општеството им е поважна.
Рибите се оспеднати со „нездрави“ навики
Рибите се вистински сонувачи и живеат во свој свет, којшто го прилагодиле на нивните потреби. Припадниците на овој знак се лабилни, па затоа не е изненадувачки што лесно стануваат зависни од нездрави навики, како што се брза храна, коцкање или алкохол. Откако ќе ги пробаат, тие стануваат толку преокупирани со нив, што тешко можат да излезат од тоа.