After Midnight

Секоја девојка би требало да ги знае – Ако сакате да освоите нечие машко срце, овие неколку реченици можат да ви помогнат

Лесно е да се справите со момците, само треба да ги пронајдете вистинските зборови. Ова се зборовите на кои „паѓаат“ тие.

Се гордеам со тебе
Осито (30) – „Сакам кога мојата девојка е навистина заинтересирана за тоа што го работам, без разлика дали станува збор за новата песна што ја напишав или за опремата со која работам“.

Ми се допаѓаат твоите пријатели
Кевин (29) – „Добро, знам дека моите пријатели се вистински кловнови. Но, ако навистина се обиде да ги запознае и ми каже дека и се допаѓаат, тоа многу ми значи“.

Излегувањето беше прекрасно
Френк (35) – „Планирањето средба може понекогаш да биде многу заморно. И кога таа ќе ми каже дека сè било совршено и дека си поминала многу убаво, имам впечаток дека сторив сè како што треба“.

Ти си најдобар во… (пополнете ги празнините)
Роб (30) – „Момчињата се родени натпреварувачи и кога девојка ќе ти каже дека си најдобар во нешто… бакнување, масажа… Тоа кажува многу затоа што се чувствуваш уникатно и различно од другите момци“.

Ти си згоден
Кад (30) – „Не знам зошто, но кога една жена ќе ми каже дека сум згоден, тоа е сè што треба да стори. Штета што зборот не се користи почесто“.

Правиш да се чувствувам безбедно
Џејмс (30) – „Кратко и јасно, но ова е поважно од сè и затоа се чувствувам како суперхерој“.

Што би правела без тебе?
Сем (32) – „Овие зборови се особено пријатни откако ќе отворам тегла или посегнам по нешто од полицата што таа не може да го достигне. Знам дека девојките инсистираат на независност, но момците, исто така, треба да се чувствуваат корисно од време на време “.

Сакам да поминувам време со тебе
Патрик (37) – „Убаво е да се слушне дека сте личноста со која таа сака да го помине своето време“

Напиши коментар