After Midnight

Секоја душа го бара својот „учител“ или својот „мачител“

Големите страствени љубови, се секогаш дел од кармичката задача затоа што само она, што некој го чувствува како потреба од своето битие и она што е напишано во генетскиот материјал, може да се манифестира доколку се сретне со личноста која е способна да навлезе во емоционалната аура. Ова е причината зошто страсната кармичка љубов често се случува кога најмалку се очекува.

Дали ја сретнале својата „подобра половина“, многумина се прашуваат кога ќе почувствуваат како им треперат колената или нешто во стомакот им се случува, кога дланките им се потат, а погледите се избегнуваат.

Го чувствуваме ова нешто што целосно нè обзема и ни ја одзема моќта на говорот, здравиот разум и можноста да ги контролираме своите постапки.

Кај кармичката љубовна врска, секогаш постои претчувство дека ќе се случи љубов, а при познанството се јавува феноменот на „дежа ву“ – нешто веќе видено, веќе искусно. Многумина се чувствуваат подготвени да им се случи „нешто големо, силно“ и ако нивниот емотивен генетски код носи запис за силна страсна врска, тогаш тој мора да се активира како растение со силен корен што, ако треба, ќе расте и меѓу камења.

„Кармички“ значи пат на душата кон нешто подобро, прочистување до нејзино совршенство. Руските парапсихолози веруваат дека кармата е биоенергетски запис и дека е содржана во еден од неколкуте слоеви на аурата, кој се состои од физички, ментален и емоционален слој. Тој дел од душата што бара љубов е содржан во емотивниот слој на аурата и поради тоа луѓето кои се среќни секогаш некако „блескаат“ додека несреќните се обвиткани во сивкаста магла, а околината ги опишува како „овенати“.

Не мораат двајцата партнери истовремено да „вршат“ кармичка задача. Секоја душа го бара својот „учител“ или „мачител“, без оглед колку е заљубена, добронамернаа, често и сурова. Колку е потешка задачата пред нас, толку ќе биде посложена врската, толку ќе биде поголема љубовта од една страна и супериорноста или отфрлањето на љубовта од друга страна, толку е потежок кармичкиот пат.

Во кармичката љубов, секој партнер ја учи својата лекција за љубовта, бракот и е ставен на оние искушенија што му овозможуваат да го најде патот до среќата.

Напиши коментар