Американските медиуми деновиве шпекулираат дека Селена Гомез има ново момче.
Пејачката, која веќе долго време е сама, наводно била видена со кошаркарот на Мiami Heat, Џими Батлер.
Американските медиуми објавија дека парот е виден во еден ресторан во Њујорк, додека „Дејли меил“ дошол до слики од наводната преписка на вработените во ресторанот „Lucein“, кои напишале дека Селена, заедно со спортистот, биле на вечера во неколку наврати.
Друг извор е за Е! News потврди дека парот бил на повеќе состаноци. Сепак, двајцата официјално не се во врска, иако Селена смета дека Џими е „одлично момче“.
„Се видоа неколку пати, кога Селена беше во Њујорк. Џими ја покани на вечера и добро се забавуваа. Вечерта беше опуштена и таа сака да види во која насока ќе оди нивната врска, но не е подготвена да каже дека станува збор за врска“, заклучува изворот.
Во интервјуто Youtube кналот на шминкерката Nikkie Tutorials, кое го даде во септември, Селена откри дека во моментов нема желба да излегува.
„Тешко е да се дејствува кога сте во карантин. Смешно е што објавувам песни во кои велам дека сакам момче, а всушност… не мислам така! Момчињата бараат многу работа“, рече таа тогаш.