Во новото интервју за списанието “Billboard”, Селена Гомез проговори за успешната година што стои зад неа.
И покрај пандемијата, поп-sвездата, претприемач и актерка, успеа да го извлечe најдоброто од сè. Таа се врати на музичката сцена со албумот “Rare”, беше sвезда на кулинарското шоу “Selena + chef” и ја лансираше колекцијата на шминка, “Rare Beauty”.
Иако во фокусот на статијата е маркетингот и тимот кој работи за Селена, таа зборуваше и за музиката, пред се за соработката со групата BLACKPINK за песната “Ice Cream”, која дебитираше на 13-тото место на списокот на Hot 100 листата.
- „BLACKPINK се одличен бенд, нивниот албум е одличен и сметав дека ќе биде забавно да влезам во еден поинаков свет, па затоа не размислував многу дали да снимам со нив“, искрено изјави Селена.
- „Синглот е потполно различен од сè што снимив досега, но тоа и беше поентата. Самата идеја да снимам нешто со женска група која доминира, да ја донесам нивната култура на американското поднебје – и обратно – ми изгледаше совршена“, објасни таа.
Синглот не беше успешен само на топ-листите, туку и од маркетиншка гледна точка: брендот на сладолед Serendipity, во ко-сопственост на Селена, претстави посебен вкус на сладолед, инспириран од нумерата, додека камиони за сладолед возеа низ Лос Анџелес, ја промовираа песната и делеа сладолед.