Селена е соло веќе 5 години и вели дека воопшто не и пречи, всушност, дека е сигурна дека токму тоа и е потребно и дека е среќна што некое време направи пауза.
Пред неколку дена, јутберката Nikki Tutorials објави ново видео во кое нејзина гостинка беше Селена Гомез. Тие ја испробаа новата шминка на Селена, која конечно излезе како дел од нејзиниот нов бренд Rare Beauty. Двете беа како вистински девојки и зборуваа за сè, вклучително и за момчињата. Селена откри дека е соло веќе 5 години, но дека тоа воопшто не и пречи. Всушност, се надева дека никој нема да ја протолкува таа изјава како покана да и се јави затоа што и треба момче. Иако, темите на нејзините песни се такви што се чини дека бара некого, Селена вели дека момците се премногу „замарање“ . Она што ја забавуваше Nikki, но и гледачите, е изјавата на Селена за тоа што мисли таа дека мислат нејзините поранешни момчиња за неа. „Секој мој бивш мисли дека сум луда. Но, не ми е гајле“, вели Селена.
Момците со кои се забавуваше Селена, за кои барем јавноста знае, се Џастин Бибер, Орландо Блум и The Weknd“. Дали навистина мислат дека е луда? Никој од нив никогаш не зборувал за врските со Селена, но кому му е гајле што мислат нејзините бивши!?