Free zone

Село во Гватемала го доби името по Србија

БЕЛГРАД – Село во Гватемала го доби името по Србија како знак на благодарност за помошта испратена до нејзините жители од почесниот конзул на Србија во таа земја, Марсела Арзу де Лосано.

Како лична донација, Лосано испрати помош во форма на основни прехранбени производи за стотина сиромашни домаќинства во село кое досега немаше име, а мештаните го нарекоа – кантон Србија како знак на благодарност, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Во изјавата се посочува дека Србија и Гватемала продолжуваат со овој гест на зајакнување на пријателските врски, кои беа обновени во март минатата година, за време на посетата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на таа земја.

Тогаш, улица во центарот на главниот град на Гватемала Сити го доби името на српскиот добитник на Нобелова награда Иво Андриќ.

Напиши коментар