Кратката коса никогаш не излегува од мода, особено лоб и боб фризурите.
Одговараат на скоро секоја форма на лице, а сега добија нов „дух“, па еден од најпопуларните стилови на шишање во последно време е „Шанел“, креиран по примерот на славната дизајнерка, Коко. Инфлуенсерките, но и актерките ширум светот, како Нина Добрев, Кристин Виг или Ванеса Хаџенс, со ентузијазам го прифатија францускиот шарм за стилизирање на косата и покажаа колку оваа фризура одговара, не само на различните форми на лице, туку прави и да изгледате помладо и посвежо.
Самата Коко Шанел велела: „Жената која е подготвена да се ишиша е подготвена да го промени целиот живот“.
Должината на самата коса треба да биде малку под брадата, иако може да се најдат малку подолги варијанти на фризурата, додека шишките се опционална работа. Косата треба да се обликува во слоеви и да паѓа како реси.
Класичниот „изглед“ е многу краток паж, со шишки до половина чело, но со овој боб можете да комбинирате и нови модерни „завеса“ шишки, кои убаво ќе го обликуваат вашето лице.
Изгледа особено убаво ако ја виткате косата нанадвор или ја носите во бранови. Ретро убавина на 21-от век.
Фризурите на Шанел „трпат“ и асиметрични кроеви, особено ако сакате предниот дел да биде подолг од задниот дел.