Ако планирате да ја прегледате вашата гардероба и да направите план за пополнување на „дупките“ и список за она што ќе го зачувате, ова е корисна листа за вас.
Не заборавајте, овие парчиња облека мора да бидат во „тип-топ“ состојба, во спротивно не оставаат впечаток каков што треба!
- Црно сако
Ова нема да изненади никого, но жените имаат навика да се задржат со години на еден црн блејзер. Ова ќе работи само ако имате навистина класично парче, изработено од врвен, квалитетен материјал.
- Црни панталони
Ова не значи дека мора да имате црн костум ниту секогаш да ги носите во комбинација со црно сако. Напротив, најдобро е да го одделите и комбинирате со сива или камел сако. Исто така, во мода се и класичните црни панталони во комбинација со патики и моторџиска јакна.
- Црн појас
Колку е поедноставен појасот, толку подобро. Дури и ако носите сè друго во црно, тој мал детал на средината, ќе изгледа одлично. - Црни фармерки
Ако сакате да го намалите бројот на фармерки во плакарот, изберете потесен модел. Ако постојано носите фармерки, не претерувајте со бројот на црни, бидејќи тие се „заразни“ – наскоро нема да носите ништо друго освен нив. Убаво, но малку досадно. - Црн џемпер
Најдобро е да се одлучите за потенок џемпер до мешавина од природни и синтетички влакна. Деколтето направете го тркалезно или во форма на V, но проверете дали имате доволно простор да облечете долна облека со долги ракави, а сепак да не е тесна. - Црн капут
Со секое црно палто мора да имате уште еден детал – добра четка за четкање! Не заборавајте дека тој ќе ја регистрира секоја прашинка, влакна од животни и слично. Црниот капут бара оддржување, но затоа пак, возвраќа со елеганција и убавина.