Никој не е совршен, а личноста со која сме во љубовна врска, треба да ја прифатиме со сите нејзини маани, меѓутоа, некои маани се полесни, а некои потешки за прифаќање. Мажите искрено признаа кои особини им се најмалку привлечни кај жените…
- Кога се негативни
Кој сака да помине живот со некој што постојано „плука“ по сè? Постојаната негативност е непривлечна одлика кај двата пола. - Кога се (премногу) гласни
Жените кои мислат дека сè што ќе кажат е многу важно и кои постојано зборуваат гласно, сакајќи да го нагласат секој изговорен збор, не се привлечни за скоро ниту еден маж. - Кога лажат
Лагата никогаш не е добра, а на мажите им е особено несфатливо кога жените лажат за работи за кои што не треба, особено кога нивните лаги ќе бидат откриени, а тие упорно продолжуваат да ја негираат вистинта. - Кога се премногу нетрпеливи
Нетрпеливоста е одлика што често му се припишува на понежниот пол, но кога се премногу нетрпеливи, ретко кој може да се справи со нив. - Кога мислат дека знаат сè
Со жена која веднаш формира цврсто мислење за нешто во кое не е целосно упатена и која смета дека само нејзиното мислење е точно, ниту еден маж не би сакал да го помине својот живот. - Кога постојано бара внимание
Жените кои постојано прават нешто за да привлечат внимание, им одат на нерви на мажите и ги сметаат за непривлечни.