Сè поголем број шминкери на Инстаграм ни овозможија професионални совети за шминка, а еве 8 златни правила кога станува збор за беспрекорен изглед.
- Воведете го хајлајтерот во вашата рутина за разубавување. Малку сјај на вистинските места (надвеѓите, на аголот од окото) може да го освежи целиот изглед.
- За да направите пудрата да изгледа совршено и да трае цел ден, прво ставете хидратантен крем за лице, почекајте кожата да го апсорбира, а потоа нанесете пудра.
- Нашиот тен се менува со текот на годините, па можеби нијансата на течна пудра што ви одговараше пред пет години веќе не функционира (да ја пронајдете вашата идеална нијанса, земете огледало и свртете го лицето кон прозорецот за да проверите на дневна светлина како изгледа).
- Ако не сакате да изгледате постаро, секогаш користете потопли нијанси на течна пудра, малку потемна од бојата на кожата, отколку посветла. Не користете пудра во прав, тоа ќе ги нагласи брчките.
- За усните да изгледаат поцелосно, направете пилинг за усни и пред да ставите кармин, нанесете прајмер.
- Шминка без малку засенчени веѓи и барем еден слој маскара на трепките нема да изгледа добро.
- Ако не сте се наспале и тенот не ви изгледа баш најдобро, не користете темен кармин – тоа ќе ја потенцира секоја трага на замор на лицето.