Celebrity

Шон Мендес го објави новиот албум – Една песна премногу се издвојува од останатите

Шон Мендес го издаде новиот албум Wonder, а пред самото објавување, потврди дека секоја песна што ја напишал е за неговата девојка, пејачката Камила Кабело.

Сепак, една од песните се издвојува од другите: песната Teach Me How To Love е песна која зборува за тоа што се случува зад затворената врата од спалната соба на овој пар.

Самата песна започнува со стиховите – „твоето тело е океан, посветен сум да го истражам, која и да е твојата желба, јас сум инспириран, ќе го сторам тоа за тебе,“ пее тој.

Остатокот од текстот не е ништо помалку експлицитен и изненадувачки: од тоа дека Шон паѓа на колена поради неа, до тоа дека нема да застане додека не почуствува возбуда.

Во документарецот, објавен на Нетфликс минатиот месец, Шон откри дека ниту една песна нема да може да опише сè што чувствува за неа.

Малку премногу патетика, ако не прашате нас. Слушнете ја песната:

Напиши коментар