Шон Мендес и Џастин Бибер конечно ги вкрстија гласовите.
Двајцата канадски пејачи го објавија дуетот Monster, а заедно со синглот пристигна и видео – запис. Иако претходно се зборуваше дека владее непријателство меѓу пејачите, Шон откри како настанала соработката.
„Во последните три месеци започнав да работам на односот со Џастин. Му се јавив и му реков дека имам песна за нас“, откри Мендес во шоуто на Зејн Лоу.
„Песната зборува за тоа како општеството ги става sвездите на пиедесталот, а потоа гледа како тие паѓаат. Навистина му се допадна идејата“, додаде тој.
Нумерата Monster е вториот сингл на Шон Мендес од претстојниот албум Wonder, кој излегува на 4 декември.