Celebrity

Шон Мендес открива како научил да се сака себеси – Вели дека во тоа многу му помогнала врската со Камила Кабело

Откако во документарниот филм „In Wonder“ откри непознати детали од животот, тој сега раскажа како научил да се сака себеси.

Во интервју за „Apple Music“, Мендес откри дека во тоа му помогнала неговата врска со Камила Кабело. „Не можете да бидете најдобрата верзија на син, брат, момче или пријател ако не се грижите прво за себе, за својата енергија и за вашиот простор“, вели тој.

„Колку повеќе се приближувате до јасноста и слободата во себе, толку повеќе простор ќе имате за другите луѓе во вашиот живот“, тврди Шон.

„Мислам дека тоа ми се случи во претходниот период, особено имајќи предвид дека јас и Камила започнавме многу повеќе да си угодуваме и времето да си го посветиме на себе, што ни овозможи да растеме“, заклучи тој.

Напиши коментар