Шон Мендес за прв пат реши да зборува за гласините дека е геј и дека неговата врска со Камила Кабело е само параван.
Во едно интервју за британски весник, откри дека е хетеросексуалец.
„Луѓето очајно сакаа да признаам дека сум геј, до степен до кој беше смешно. Тоа ме нервираше затоа што познавам многу хомосексуалци кои не смеат да го кажуват тоа јавно и знам колку страдаат поради истото“, изјави Шон и додаде:
„Сосема е неуко и бесчуствително кога луѓето прават такви работи“.
Новинарот се осврна и на фактот дека многумина сметаат дека неговата врска со пејачката е лажна, создадена од ПР магионичари, со цел да помогне и на неговата и на нејзината кариера. Сепак, многу повеќе го нервира кога некој не ја сака неговата музика.
„Тоа е проблемот. Кога ќе се обидете да создадете нешто што ќе им се допадне на сите, а знаете дека е невозможно. Тогаш доживувате целосен нервен слом“, вели Шон.
И покрај тоа што не сака кога некој не ја сака неговата музика, вели дека комерцијалниот успех не му е важен: затоа и не го погодува тоа што неговите последни два сингла, не беа успешни на топ листите.
„Да бидам искрен, тоа не ми пречи. Она што луѓето не го гледаат се мејловите и пораките што ги добивам, во кои луѓето пишуваат за тоа како моите песни им ги промениле животите“, објасни тој.