Изневерена си...
Како прво, ти си прекрасна, така што тој овој пат навистина ептен згрешил. За повеќето парови, изневерувањето е дефинирано како интимна активност со некој друг – која вклучува разни работи, од флерт на Фејсбук до сексуален однос.
Зошто луѓето изневеруваат?
Ова е трик прашање. Освен ако личноста која изневерува не е целосно искрена за своите причини, тогаш тешко е да се разберат нивните постапки.
Некои луѓе не се чувствуваат исполнети во нивните односи, што може да биде симптом на моменталната состојба на врската и нешто на што треба да се работи. Ако сакаш да поправиш нешто што е уништено во вашата врска и да продолжиш понатаму, разговорот со твоето момче или девојка, треба да ти помогне да ги пронајдеш одговорите што ги бараш. Ова, се разбира, не значи дека треба да го замолиш да ти ги каже сите интимни детали, бидејќи тоа ќе го отежни процесот на заздравување.
Што доаѓа потоа?
Откако ќе дознаеш дека некој те изневерил – или тој некој ти признал, некој друг ти кажал или си го фатила на дело – очекувај голема лутина. Пронајди начин да ги искажеш сите тие тешки емоции. Ова може да биде со пишување на хартија, разговор со некој на кого му веруваш или – ако се чувствуваш доволно храбро – кажувајќи му на лицето што те повредило како се чувствуваш.
Почит
Да се работи на опростување може да биде многу тешко, но во ред е да сакаш да вратиш некого (сè додека си сигурна дека тоа се случило еднаш и никогаш повеќе, а не е навика на твојот партнер и ако навистина жали за тоа што го сторил) Сè е во почитта – колку повеќе се чувствуваш достоинствено во врската, толку повеќе ќе се почитуваш себеси. Имај го тоа на ум додека одлучуваш дали ќе останете во врска. Никако немој да брзаш, дури и ако те притиска да дадеш одговор.