Недостатокот на време за одење на фризер, но и помалиот број на излегувања кои би ве натерале да го направите тоа, не треба да бидат изговор за фризурата која ја изгубила својата форма. Ние ви претставуваме неколку фризури кои се лесни за оддржување дури и кога немате време за ништо.
Боб / лоб
Секогаш модерниот боб и нешто подолгиот лоб, се едни од најценетите фризури на сите времиња, бараат пократко сушење и добро се вклопуваат и со права коса и со виткана коса.
Шишки од 70-тите години
Шишките од 70-тите или „завесите“ се многу практичен избор што убаво го врамува лицето и го прави потесено, и дава малку разиграност на подолгата коса. Исто така, тие се полесни за одржување од строгите, рамно исечените.
Долга коса
Навидум наједноставна фризура, но за да не изгледа уморно и досадно, важно е фризерот добро да ги обликува соодветните слоеви. Поиграјте си со рамна или брановидна фризура што можете да постигнете со помош на ретро витлери или фигаро (бидете внимателни со температурата!)
Забавувајте се со украсите за коса
Пунџи, високи репчиња, долги плетенки … украсете ги со шноли, плетенки, марами или накит за коса – опциите се неограничени.