Free zone

Што е безглутенска исхрана и што треба да знаеме за неа?

Повеќето од нас слушнале за безглутенска исхрана, но колку всушност знаеме за глутенот? Глутенот е леплива супстанца која се наоѓа во скоро сите житарици и се верува дека е причината за многу здравствени проблеми, особено оние поврзани со дебелината и проблеми со метаболизмот.

Многу нутриционисти ќе ви кажат дека сте решиле поголем дел од вашите проблеми, доколку целосно го исфрлите глутенот од исхраната, но има и некои популарни заблуди во врска со глутенот, во кои веруваме, а не би требало:

  1. Безглутенската исхрана го подобрува варењето на храната
    Не постојат сигурни докази дека нашето варење ќе се подобри, ако го отстраниме глутенот од исхраната. На крајот на краиштата, целосната елиминација на глутен од исхраната подразбира значително намален внес на влакна, што може да го забави нашиот метаболизам и негативно да влијае на варењето на храната.
  2. Глутенот е виновен за прекумерната тежина
    Ова е уште една заблуда. Глутенот нема никаква врска со вашата тежина
  1. Храната без глутен е поздрава
    Храната без глутен содржи значително повеќе шеќер, сол, заситени масти и калории отколку обичната храна, така што изборот на храна без глутен може да доведе до дебелина, затоа што, не знаејќи, внесувате многу штетни материи.

Може да го намалите внесот на глутен, но освен ако не сте многу чувствителни на него, не го отстранувајте целосно од вашата исхрана, бидејќи покрај тоа што може да доведе до несакани ефекти, може да доведе и до недостаток на енергија, што ќе ве направи уморни и поспани.

Напиши коментар