After Midnight

Што е она што ја прави девојката неодолива за спротивниот пол?

Иако црвениот кармин секогаш ќе ве одвојува од толпата и ќе привлече внимание, кога се момците во прашање, истражувањата покажуваат дека за нив природниот изглед е попривлечен.

Но, тоа не е сè – погледнете што уште момците сметаат дека е привлечно, кога е женскиот пол во прашање:

Црвен фустан
Одлучете се за бојата на страста во вид на комбинација наместо кармин во оваа боја. Изборот на црвен фустан за излегување ќе остави впечаток на самоуверена личност, што може да биде одличен афродизијак. Покрај тоа, црвената е бојата на љубовта.

Момчињата сакаат кога девојката има бои на себе. Светлите бои стимулираат визуелно и ментално, но наместо интензивен кармин, подобар е едноставен џемпер во „V“, фустан или кошула во светла.

Пуштена коса
Иако понекогаш е најлесно да ја врзете косата, затоа што едноставно не сте задоволни со нејзиниот изглед, момците сепак претпочитаат пуштена коса.

Коњската опашка исто така може да биде привлечна, но косата што паѓа во бранови ќе ги натера мажите да фантазираат како поминуваат со прстите низ неа. За да ги привлечете уште повеќе, оставете ја косата слободно да паѓа.

Nude шминка
Можеби поради техниката „smokey eyes“, девојките се чувствуваат попривлечно, но истражувањата покажуваат дека 66% од момците не ја сметаат својата партнерка за попривлечна кога носи потемна шминка.

Повеќето момчиња сакаат поприроден изглед, па наместо црвен кармин и темни тонови на очите, изберете сјај или nude боја на кармин.

Суптилен сексапил
Иако постои мислење дека една девојка е посекси кога покажува повеќе гола кожа, на момците ќе им биде попривлечно кога сексипилот е малку скрие, особено ако се работи за прв состанок.

Истражувањата покажуваат дека за момчињата девојките се најпривлечни наутро, кога ќе ја облече нивната, полузакопчана, кошула. На момците тоа им е едноставно неодоливо.

Напиши коментар