Иако многу страствени пушачи тајно едвај чекаа да работат од дома затоа што конечно ќе можат да одговорат на деловните мејлови со цигара во устата, тие брзо сфатија дека им недостасува пушењето надвор од зградата на компанијата.
Шифра: “smirting” (Smoking & Flirting)!
Терминот го измислија имагинативните и невротични Њујорчани, откако беа избркани на терасите со пепелници од канцеларијата со помош на законот.
Терминот е соединение на двата англиски збора – smoking (пушење) и flirting (флертување), а оние кои го користат, се колнат дека е многу полесно да комуницирате со спротивниот пол додека замрзнувате заедно пред ресторан, кафуле или канцеларија, отколку да седите секој на своето биро.
Статистичките податоци покажуваат дека во Ирска, на пример, дури 25 проценти од паровите се сретнале на пауза, а овој вид на поврзување има свое научно објаснување.
Професорката по социологија на Универзитетот во Вашингтон, Пепер Шварц, го толкува на овој начин:„ пушачите се чувствуваат се повеќе загрозени во последните години и се држат заедно, создавајќи чувство на припадност во група и развиваат меѓусебна поврзаност“.
И покрај тоа, овој вид флертување не бара премногу напор или изложеност.
Со трошење одредено време секој ден на „сесии за пушење“, луѓето имаат доволно време да се релаксираат и да се запознаат без никаков притисок.
Никој не мора да повикува никого на состанок, а бидејќи пушачите имаат прилично воспоставени навики за пушење, доволно е неколку дена да ги следите навиките на канцелариските симпатии, за да знаат однапред кога ќе ја земат својата следна чик пауза.
Тоа се многу повеќе од пет минути вовлекување на чад, според страствените пушачи.
Овие паузи се начин на опуштање, ресетирање и кој знае … тие можеби ќе ја најдат љубовта на животот, пред да влезат во канцеларијата.
Она што е сигурно е дека третата опција не доаѓа во предвид се додека е активен хаштагот #workfromhome, па не не изненадува што најстрасните романтичари/пушачи едвај чекаат да се вратат во канцелариите и на канцелариските чик паузи.