Astro&Horoscope

Што го прави среќен секој хороскопски знак?

Овен
За овој хороскопски знак, среќата е достигнување. За да бидат задоволни и исполнети, тие секогаш настојуваат да ги постигнат целите што си ги поставиле самите на себе. Не ги држи местото, туку нивната цел и акција.

Бик
Бикот е најсреќен кога е во романтично и мазно расположение. Сензуалните задоволства се неопходност за Биковите, а љубовта не е некој свет идеал, туку внимание, нежност, бакнежи, интимност и романса.

Близнаци
Меѓу толпа од луѓе, Близнаците се чувствуваат смирено, стабилно и среќно. Кога можете да ги шармирате сите и да оставите неизбришлив впечаток во текот на разговорот, значи дека сте во вашиот среќен елемент.

Рак

Ракот е потполно среќен кога може да ужива во квалитетно исполнето време со своите пријатели. Човечка топлина, приврзаност, изразување љубов и нежни чуства, е она што ја исполнува душата на секој Рак.

Лав
Одговорноста и заслугата го прават среќен секој Лав. Ако има со што да управува и да раководи (помошници во кујната, на градилиштето, во истражување…) Лавот е зафатен, а со тоа важен и среќен. Ако не прави ништо и не управува со ништо, на Лавот му е здодевно и губи енергија.

Девица
Девиците многу се грижат за ситниците и тоа ги прави среќни. А тоа се сите ситници што другите ги пропуштаат при анализирање или планирање. Кога им го олеснуваат тоа на другите и ги насочуваат со својата интелигенција и способност да водат сметка за деталите, тогаш тие се задоволни.

Вага
Хармонијата и складот ја прават Вагата среќна. Доволно е нивниот ден да помине без стрес, конфликти, без нарушување на плановите, а најдобро од сè – без ниту една лоша вест.

Иако тоа ретко се случува, Вагите се често среќни, бидејќи постојано се обидуваат да создадат и одржат хармонија.

Скорпија
Полето на исполнување и среќа за Скорпијата се бројни искуства и блиски луѓе со кои живее и ги споделува. За Скропијата нема површни задоволства, таа сака да најде значење во сè и длабоко да го доживее.

Стрелец
Стрелецот е брз и постигнува среќа. Веднаш штом ќе постигне една цел, тој веќе ја поставува следната, бидејќи е среќен само во таа низа исполнувања и предизвици.

Јарец
На Јарците им треба почит и внимание – не само од една личност, семејството или кругот на пријатели. Тој сака да има следбеници, публика, фанови, оние кои го гледаат како пример или конкуренција – кога сите погледи се свртени кон Јарецот, тој сјае од среќа и задоволство.

Водолија
Водолијата наоѓа значење во посветувањето – било да е тоа една личност, работа, група луѓе, хоби, добротворна работа, кога им дава на другите, го дава најдоброто од себе и тогаш е среќна длабоко во својата душа.

Риба
На Рибите им е потребна поддршка и стабилност обезбедена од група истомисленици, оние кои живееле низ слични искуства или имаат исти цели, група за поддршка.

Рибите бараат разбирање и поддршка и од семејството и од пријателите, а кога се сигурни дека ги имаат, тие се прилично задоволни.

Напиши коментар