After Midnight

Што кога тој испраќа двосмислени сигнали?

Дали некогаш ви се случило да не сте сигурни што сака тој, бидејќи сигналите што ви ги испраќа се двосмислени? Ако сте во таква ситуација, почекајте, дајте си време и обидете се да го протолкувате на вистински начин, бидејќи сигурно не сакате да реагирате набрзина и да завршите со момче кое не знае што сака!

За да знаете во која насока вашата врска може да оди, прво мора да разберете што значат неговите двосмислени сигнали!

Кога сте заедно, убаво ви е, дури се случува прво да покаже дека се грижи и да го направи првиот чекор, а потоа да се повлече и да му треба простор за себе. Ако ова е ваш случај, дистанцирајте се, одвојте простор за себе и почекајте да ја видите неговата реакција. Ако тргне по вас, тоа значи дека му е грижа, но ако остави растојанието да се зголемува, тој навистина не е сигурен и не сакате некој за кого не сте прва опција!

Не само во врска со вас, туку и за себе и сопствениот живот, тој постојано се прашува себеси и гледа во која насока треба да оди. Ако тој е таков сега, мора да знаете дека не е подготвен за врска, бидејќи му треба простор да се најде себе си. Ако стапите во врска со партнер, чија главна одлика е несигурноста, ќе ви треба многу пожртвуваност и трпеливост, затоа размислете на почетокот дали сте подготвени за тоа!

Тој постојано е во женско друштво, а изговорот е дека само се дружи со нив, но ако има сè помалку време за вас, а дружењето станува се почесто, тоа значи дека сте само една во низата, а тоа воопшто не го сакате. Бидете храбри и прашајте го што му значат тие излегувања и колку му се важни, барајте го своето место и улога во неговиот живот, и ако не ги добиете, одете си со крената глава без оглед на се, бидејќи вашето достоинство и самодоверба се поважни од сè!

Напиши коментар