Пластичната хирургија и естетските “поправки” на себе станаа сосема нормална работа. Полнењето на усните со помош на филери стана нешто вообичаено, како што е одењето на маникир и педикир. Сите знаеме дека ретко кога една славна личност изгледа сосема природно денес, а новите YouTube ѕвезди и инфлуенсери се придружија кон тоа.
За разлика од многу други инфлуенсери, Џејмс Чарлс е еден од оние кои отворено признаваат дека ги уредуваат своите фотографии пред објавувањето. Тој дури направи неколку видеа каде им покажа на обожавателите како уредува фотографии. Ова не се големи промени, ако го сретнете на улица, сепак ќе го препознаете. Покрај тоа што не криеше дека се средува на овој начин, тој сега призна дека направил естетски „поправки“ и во реалниот живот.
Познатите не сакаат да признаваат вакви работи затоа што сакаат сите да мислиме дека изгледаат толку совршено природно. Што, се разбира, не е никако близу до вистината. Во неодамнешното интервју со Наоми Кембел, Џејмс одговори на прашањето што повеќето ќе се обидат да го избегнат. На прашањето дали поправил нешто на себе, тој ги призна зафатите што ги имал. „Да, имам филери во усните, правев и ботокс, не го кријам тоа. Не претерав … татко ми ги има буквално најлошите брчки на челото. Така, за мене, ботоксот беше повеќе превентивна мерка, бидејќи татко ми и јас имаме многу, многу слично лице“. Кога Наоми му посочи дека можеби е малку премлад за ботокс бидејќи Џејмс Чарлс има само 21 година, тој само повтори дека тоа е превентивно и дека не ставил многу.