Бакнеж во усните
Брз бакнеж на усните е начин на кој момчето кое ја сака својата партнерка и вели „здраво“ или „да се видиме подоцна“. Ако тој ве бакнува вака дома, кога никој не ве гледа, тоа значи дека тој многу ве цени и дека навистина сте станале составен дел од неговото секојдневие. Ако тој ве бакнува вака и кога сте на јавно место, тоа значи дека тој веројатно сака нешто посериозно со вас.
Бакнеж во челото
Бакнежот на челото вели дека тој сака да се грижи за вас, да ве заштити. Со бакнеж на чело, еден човек ви кажува дека се грижи за вас, дека сака да споделува простор со вас, дека вие му значите многу.
Бакнеж на раката
Овој бакнеж е начинот на кој вашето момче флертува. Покрај тоа, ако ја бакне вашата рака, тоа покажува дека има самодоверба, но и дека сака да привлекува внимание – затоа што е невообичаено да бакнувате некого во рака, ако не сте член на кралското семејство. Бакнувањето на вашата рака може да значи и дека тој повеќе се грижи за сликата што ја остава отколку за вас, затоа обрнете внимание на неговото однесување.
Бакнеж на вратот
Со овој бакнеж, мажот ви покажува дека има силни чувства кон вас, но исто така е одличен начин да ви каже дека тој ве сака, без ниту еден изговорен збор.
Бакнеж покрај окото
Можеби ваквиот бакнеж ви изгледа чуден и невообичаен, но открива дека тој навистина ве цени и дека се грижи. Со овој гест, момчето покажува чиста љубов.