Free zone

Што одредува дали ќе бидете повеќе љубител на кафе или на чај?

Имено, генетиката исто така, одлучува дали некој повеќе сака чај или кафе – пишува во австралиско истражување објавено во научното списание „Природа“.

„За истражувањето беше искористен многу голем примерок“ за да се покаже дека перцепцијата на горчината влијае на тоа дали некој преферира чај или кафе“, изави Даниел Лианг-Дар Хванг од Универзитетот во Бризбејн, коавтор на студијата. Затоа, луѓето со најголема чувствителност на горчина сакаат кафе, но, парадоксно, тие не го пијат најмногу.

„Ова укажува на тоа дека потрошувачите на кафе развиваат вкус или способност да детектираат кофеин“, вели Мерилин Корнелис, професор по превентивна медицина и коавтор на студијата.

„Генетиката влијае на перцепцијата на горчината повеќе отколку на перцепцијата на слаткост“, вели Лианг-Дар Хванг. На перцепцијата на вкусот влијае и однесувањето затоа што „иако луѓето природно не сакаат горчина, тие можат да научат да ценат горчлива храна“, вели истражувачот. „Бидејќи оние кои пијат кафе обично се помалку чувствителни на горчина од оние кои пијат чај, тие повеќе ќе ја ценат горчината на другите намирници, како што е зелениот зеленчук“, вели младиот научник.

Студијата, заснована врз генетските податоци на 438 000 Британци кои учествувале во истражувањето, не може да се генерализира во други земји и култури, велат нејзините автори.

Напиши коментар