Сопствениците на миленичиња обично имаат правила за тоа каде ќе се чуваат или каде им е дозволено на животните да останат во куќата, а каде не. Ако спречите вашето куче да спие со вас во ист кревет, може да се предомислите после ова.
Сопствениците често им го забрануваат милениците пристапот до спалните соби.
Според обновената студија од 2018 година, спроведена од истражувачи од колеџот Канизиус во Бафало, Њујорк, ако спиете со вашето куче, тоа може да ви помогне да спиете подобро.
Лидерот на истражувањето, Кристи Л. Хофман, испитал 962 жени во Америка за нивните навики на спиење. Резултатите покажале дека 57 проценти од овие жени делат кревет со друго лице, 55 проценти со куче и 31 процент со мачка.
На крајот, таа открила дека оние кои спијат со кучето имаат помирен сон од другите, затоа што моделот на спиење на кучето е тесно поврзано со оној на човекот.
Истражувањето, исто така, нагласило дека оние кои делат кревет со своето куче, најверојатно ќе легнат порано и ќе станат порано.
Ова е одлична вест за сопствениците на кучиња – но не и за оние кои чуваат мачки. Студијата покажа дека мачките можат да пречат во спиењето исто како и другите луѓе.