After Midnight

Што се случува со нас кога ќе се заљубиме?

Кога ќе се заљубиме, честопати мислиме на чудата што се случуваат во нашето срце и душа. Но, ретко размислуваме какви промени се случуваат во нашиот мозок. Научниците тврдат дека љубовта го менува начинот на размислување.

Се чувствувате како зависник

Љубовта е како дрога, ова ви е веројатно одамна познато. На самата помисла на некој близок, нè обзема еуфорија, што им се случува на зависниците кога земаат наркотици. Се разбира, заљубувањето е многу посоодветно и предизвикува здрава зависност, но да бидеме искрени – кога ќе се заљубиме, стануваме зависни (од друга личност).

Почнувате да размислувате во множина

Повеќе не е само „јас, јас и јас“. Сега мислите во множина и вашиот мозок воопшто не се мачи да „преминува“ од „јас“ во „ние“. Ние сме поврзани со нашите мајки уште од раѓање а, за изненадување на научниците, оваа врска се трансформира и се менува секогаш кога ќе се заљубиме. Имено, врската што ја имаме со „другата половина“ или со детето е многу посилна од онаа што ја имаме со мајката.

Станувате помудри

Заљубувањето е добро за нашето срце, но и за нашето ментално здравје. Кај вљубените лица е регистрирано повисоко ниво на допамин, што е поврзано со задоволство и еуфорија. Покрај тоа, студиите покажуваат дека луѓето кои се во позитивни, здрави односи живеат подолго, посреќни се, помудри и имаат подобро ментално здравје.

Блескате, но навистина

Ако некогаш сте се запрашале кој е клучот за долговечноста на врската, науката нуди одговор. Во студијата која ги проценува паровите, кои се дефинирале себеси како „лудо заљубени“, научниците откриле дека центрите за наградување во нивниот мозок „засветкале“ само кога ќе виделе фотографии од саканата личност. Во центарот за стрес, истражувачите откриле намалување на осветлената активност. Ние сакаме центрите во вашиот мозок да светат што е можно подолго, бидејќи на тој начин ќе блескаме подолго – и индивидуално и во пар!

Напиши коментар