After Midnight

Што всушност значат соништата во кои го изневерувате партнерот?

Иако можеби сте во совршено среќна врска и не ве интересираат други мажи, врз соништата е невозможно да се влијае.

Но, ако се прашувавте што значат соништата во кои го изневерувате вашето момче, имаме одговор на тоа прашање.

Неверство со личност што ја познавате

Ако совеста ве гризе зашто сонувавте дека си игравте под чаршафите со вашиот шеф или пријател – имаме добри вести за вас!

Овој сон не значи дека навистина сакате да спиете или имате некаква љубовна врска со таа личност, тој значи дека поголем дел од вашето внимание оди во правец на таа личност во текот на денот, така што е сосема нормално за вас е да се појави во соништата.

Неверство со непознато лице

Зад таков сон се крие нерешен проблем. Имено, според мислењето на психолозите, водењето љубов со непозната личност во сон значи дека нешто криете или дека сте го излажеле партнерот, а тоа се манифестира во форма на измама.

Неверство кадешто вашиот партнер ве открил

Исто како и неверството со странец, неверството во кое вашиот партнер ве фаќа во самиот чин значи дека вашата совест ве гризе за нешто.

Додека можеби не сте веднаш свесни за што може да се работи, размислете дали размислувате да скриете нешто од вашиот партнер или сте му нанеле штета.

Напиши коментар