After Midnight

Сигнали кои покажуваат дека во неговиот живот повеќе нема место за вас

Проверете дали вашето момче се однесува на начинот на кој треба да се однесува некој со кој планирате да го поминете животот или во меѓувреме изгубил интерес за вас.

Тој повеќе не е сигурен – сите ние понекогаш правиме грешки и измислуваме разни изговори да не се видиме со некого, иако седиме дома и го гледаме омилениот филм со чинија пуканки во скутот. Меѓутоа, ако постојано се случува вашиот партнер да доцни и повеќе да не се однесува како кон принцеза, тогаш можеби повеќе не вреди да е во вашето друштво.

Не ве запознал со неговите пријатели – не мора веднаш да бидете прифатени во неговото друштво. Некои луѓе се едноставно позатворени и тешко се отвораат. Меѓутоа, ако поминале неколку месеци да не сте сретнале некој од неговите пријатели, тогаш нешто се случува. Што крие тој во врска со неговите пријатели? Дајте му време, но ако навистина не ве пушти во кругот на неговите најблиски, тогаш можеби тој не е личноста за „долги стази“.

Секогаш треба вие први да го побарате него – секако дека машките понекогаш се побавни кога станува збор за комуникација, но ако сте единствените кои вложувате напори да ја одржите врската, тоа нема да трае долго.

Тој воопшто не се отворил – сте поминале некое време заедно, а всушност знаете многу малку за него и неговиот приватен живот. Потрудете се да допрете до него. Ако тоа не е можно, можеби тој не сака да ја запознаете другата страна од неговиот живот.

Напиши коментар