Ниту Мерилин Монро не била секогаш Мерилин Монро. Убавата, но според холивудските стандарди недоволно бомбастична девојка, најпрво ја скратила косата и ја обоила во платино руса, а потоа го оперирала и носот. Нејзината слика заснована на заносен изглед и сонлив поглед стана архетип на заведувањето, а за тоа многу придонел и шминкерот „Вајти“, чии клиенти покрај Монро биле и убавиците како Катарина Хепберн, Дорис Деј и Ракел Велч. Мерилин и Вајти ја започнале својата соработка, која се претвори во блиска врска полна со доверба, во 1953 година на снимањето на филмот „Нијагара“ и продолжи се до нејзината прерана смрт.
Препознатливиот сензуален изглед на Мерилин може да се постигне во неколку чекори, но не обидувајте се ако имате 10 минути да ја напуштите куќата – сесијата за шминкање на Мерилин понекогаш траела до три часа!
Основа – Мерилин наводно ставала „потешка“ крема, па дури и вазелин на лицето. Можеби тоа била добра практика за осветлувањето во студијата во тоа време, но денес сепак препорачуваме полесни хидратантни креми.
Подлога – Течна пудра што ги покрива сите можни несовршености, создава впечаток на униформен тен и има одлична завршница.
Очи – Навидум минимална шминка, но шминкерот играл со односот на светлината и (лажните) сенки. Прво на очниот капак била нанесена бела мат, а потоа бела сјајна подлога за да ги нагласи очите. Потоа ги виткал трепките, а потоа ја нанесувал маскарата. Но, за вистинскиот „изглед на Мерилин“, Снајдер сечел лажни трепки и ги лепел на надворешните агли. Тој нанесувал кафеав молив по рабовите на трепките и лесен слој кафеава сенка на наборот на очниот капак за очите да изгледаат подлабоки. Покрај долните трепки, тој исто така користел кафеав молив и за да повлече линија што делувало како трепките да прават сенка.
Веѓи – За разлика од денешните модерни дебели и густи веѓи, тогаш се претпочитало веѓите да бидат потенки, кои на лицето ќе му дадат форма на срце, но исто така би биле истакнати со молив.
Контурирање – Лицето делувало потесно со контурирање на долната вилица и стеснување на носот.
Руменило – Мерилин користела руменило на образите за да изгледа помладо и посвежо, а малку и над веѓите за засенчување.
Highlighter – Сјај на носот за да изгледа потесен и поистакнат и помеѓу носот и образите за лицето да изгледа поотворено.
Кармин, кармин, кармин, кармин, кармин – Да, добро прочитавте! Усните на Мерилин станале препознатливи и неодоливи благодарение на бројните слоеви црвен кармин. Прво се нанесувал потемен молив по должината на рабовите, потоа полесен кармин на средина на усните, па тенок слој хартија меѓу усните за се што е вишок да се отпечати на хартијата, па напудрување, па сето тоа да се повтори најмалку два пати и на крајот – сјајот! И подготвени сте за на сет (или за излегување).
Тоа е навидум едноставна рутина, но бара време и малку вежбање, но како што рече познатиот фотограф Милтон Х. Грин: „Не може да се разбудите наутро, да се измиете, да се исчешлате и да личите на Мерилин Монро. Таа ги знаеше сите трикови што постојат“.